ЕкономијаСветСветот на работникот

Словенија продолжува со субвенционирањето на платите на работниците кои чекаат работа – Во август 24,000 ќе примат ваков надомест

Словенија продолжува - Работник
80views

Словенечката Влада ја продолжила мерката за субвенционирање на плати во текот на периодот додека луѓе чекаат за работа, а се проценува дека субвенционирани плати за август ќе примат околу 24,000 работници, најавил министерот за труд, семејство и социјална политка, Јанез Циглер Краљ.

Владата одлуката за продолжување на оваа мерка која е воведена во април кога бил врвот на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид – 19, ја донела бидејќи проценила дека таа сеуште им е потребна на работодавачите, пренесува Хина.

„Повеќе од 24,000 работници сеуште чекаат за работа бидејќи во некои индустрии нема опоравување или не се доволно силни за да работодавачите можат во потполност да вработат работници“, рекол Циглер Краљ на прес – конференција, напоменувајќи дека таа мерка може да биде продолжена најмногу до крајот на септември.

Според податоците од првите две програми за поддршка на економијата во борбата против короната, повеќе од 275,000 вработени биле на принудни одмори до крајот на мај, а според третата која го опфатила и јуни, бројката била 65,000.

Агенцијата за вработување на Словенија до 10 јули исплатила 242,5 милиони евра на име на надоместоците за плати на работнциите кои се привремено отпуштени, покажуваат податоците на словенечката Влада.

U junu je nezaposlenost počela da pada i u filijalama Zavoda za zapošljavanje je sada registrovano 89.300 ljudi manje nego u drugom kvartalu ove godine, a Cigler Kralj veruje da ubuduće takva vrsta subvencije neće biti potrebna.

Во јуни невработеноста започнала да опаѓа и во филијалите на Агенцијата за вработување и сега се регистрирани 89,300 луѓе помалку од вториот квартал на оваа година, а Циглер Краљ верува дека во иднина ваков вид на субвенции нема да биде потребен.