- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Словенија се опоравува: Бројот на невработени намален за 6,1 % во март

Словенија се опоравува - Работник
131views

Вкупниот број на регистрирани невработени во Словенија бележи намалување втор месец по ред и во март изнесувал 82,638 лица, што е за 6,1 % помалку од февруари.

Во однос на март 2020 година, бројот на невработени е за 6,1 % поголем, според најновите податоците на Заводот за вработување, пренела агенцијата СТА. 

Advertisement

Од евиденцијата минатиот месец се избришани 9,982 лица, од кои 7,971 пронашле работа или се самовработиле, што е за 19,7 % повеќе во однос на февруари и за 32,1 % повеќе отколку минатата година. 

Во првите три месеци од 2021 година, во евиденцијата на Заводот повторно се регистрирани 19,845 лица кои претходно биле избришани од регистарот, што е за 18,4 % помалку во однос на истиот период од минатата година. 

Advertisement
Advertisement