Наука

Слушнете како звучи – Научниците и го вратиле гласот на мумија стара 3,000 години

Слушнете како звучи - Работник
368views

Научниците со помош на 3Д принт технологија повторно ги креирале гласните жици на мумифициран египетски свештеник кој живееле пред повеќе од 3,000 години и дознале како звучел неговиот глас.

Тие успеале прецизно да репродуџираат еден звук кој наликува на долг спој на буквите е и а.

 

„Звукот кој го слушате го произведуваат неговите гласни жици од положбата во која лежи во саркофагот“, рекол електротехничарот Дејвид Хаурад од лондонскиот универзиет Ројал Халовеј.

Зачувани гласни жици

Хауард со истата метода веќе ги репродуцирал гласните жици и гласовите на живи луѓе, вклучувајќи го и својот и утврдил дека произведените звукови биле многу реалистични и дека навистина наликувале на оргиналните. Но, ова е прв пат оваа технологија да ја примени на човечки остатоци.

За првиот таков потфат, Хауард и неговите колеги ја одбрале мумијата на египетскиот свештиник Несајамун која се наоѓа во Музејот Лидс во Велика Британија. Мекото ткиво во грлото и локалниот тракт на мумијата биле доста зачувани, така да Несајамун бил одличен кандидат за овој експеримент, пишува Си – ен – ен.

Можеби набрзо ќе слушнеме како пеел древниот свештеник

Хауард сега ја планира втората фаза од овој интересен проект во која ќе се обиде да го репродуцира звукот на пеењето на свештеникот. Имено, Несајамун бил свештеник во времето на Рамзас XI, а често кога ги обавувал своите ритуали пеел и мелодично ги изговарал молитивите.

„На египтолозите веќе име е позната фонетиката и начинот на изведување на музиката од тој период, така да можеме да репродуцираме делови од она што тој го пеел“.

За да го направи тоа, Хауард има намера со софтвер да го креира јазикот кој би им одговарал на гласните жици и на големината. Имено, јазикот игра главна улога во зборувањето и пеењето, а јазичните мускули на Несајамун не се добро зачувани. Археолозите сметаат дека свештеникот умрел во 50 -тите години од животот, а видливо е дека боледувал од некоја болест.

„Ако му креираме јазик, ќе можеме да го усогласиме со неговиот вокален тракт. Тоа е изведливо, но предизвикувачко“, рекол Хауард.

Научниот труд под наслов Synthesis of a Vocal Sound from the 3,000 year old Mummy, Nesyamun ‘True of Voice’  е објавен во списанието Scientific Reports.