Смртноста на работните места расте во ЕУ: Во овие земји има најмногу загинати работници

Смртните случаи на работно место ќе продолжат да ја мачат Европа значајно подолго отколку што претходно се предвидувало: покажува порастот на бројот на загинати работници во 12 држави членки на Европската унија, се наведува во најновата анализа на Европската конфедерација на синдикати.

Новата прогноза е дека фаталните несреќи на работните места на основа на актуелните трендови ќе продолжат до 2062 година, што е седум години подолго од што претходно се очекувало, соопштила Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК). На ова предвидување влијаел и порастот на смртни случаи при работа во 12 земји помеѓу 2019 и 2020 година – најмногу во Италија (+285), Шпанија (+45) и Португалија (+27).

ЕТУК по тој повод ги повикува Европската унија и националните влади да го запрат трендот на растот на смртноста на работните места така што ќе го поддржат т.н. манифест за нулта смрт на работните места кои го поддржале повеќе од 150 водечки јавни личности, вклучувајќи министри, европратеници, експерти и синдикални лидери.

На основа на прогнозата, смртните случаи на работното место ќе продолжат и во наредниот век во Италија и Унгарија. Според моменталните трендови, смртните случаи при работа нема никогаш да бидат елиминирани во Шпанија и Франција.

Треба да се очекуваат уште 25,166 смртни случаи на работните места ширум Европа помеѓу 2021 и 2029 година, доколку несреќите продолжат со исто темпо како и во текот на претходната деценија.

Табелата ја прикажува анализата на прогнозата за сите 27 земји членки на ЕУ и одбрани земји, со новопроценет хоризонт на нулта смрт (година во која ќе завршат фаталните несреќи) и очекуваниот број на смртни случаи во периодот помеѓу 2021 и 2029 година.

На пример, се предвидува дека несреќите со смртен исход во Италија ќе завршат во 2124 година, што е 82 години подоцна од прогнозата од минатата година. Бројките за несреќите со смртен исход при работа не ги вклучуваат илјадниците смртни случаи предизвикани од професионални болести и не ги вклучуваат несреќите без смртен исход.

UGS Nezavisnost Screenshot

Фото: Pixabay

„Нулта смрт на работно место“

Тука споменатите бројки се дел од анализата на Евростат кој ја спровел Пиер Берстеги од Европскиот синдикален институт и се објавени по повод интензивните кампањи на ЕТУК за „Нулта смрт на работно место“. Во меѓувреме, неодамна истоимениот манифест на ЕТУК го потпишале министрите за труд на Словачка и Словенија, со што се зголемил бројот на министри кои ги поддржуваат акциите потребни за сузбивање на смртните случаи при работа.

Манифестот го потпишале и потпретседателите на Европскиот парламент, копретседавачите на групата S&D, Зелените и Левицата во Европскиот парламент, како и пратениците од групата ЕПП и Ренев.

Манифестот „Нулта смрт на работните места“ ги повикува Европската унија, владите на нејзините членки и работодавачите вистински да се посветат и да ги преземат потребните дејствија за постигнување на нулта смртност на работните места. Се бара зголемување на обуките за безбедност и здравје при работа, заштитата, известувањето, инспекциите и казните, како и започнување на нови законодавни и други иницијативи во наредниот мандат на Европската комисија и Европскиот парламент, за да би се остварила целта на нулта смрт.

Заменик генералниот секретар на ЕТУК Клаес – Микаел Стал изјавил дека многу животи се спасени благодарние на зајакнувањето на законските регулативи за безбедноста и здравјето при работа во последните неколку децении, но дека бројките покажуваат оти напредокот во некои земји стагнира, а во другит потполно се пресвртува.

Луѓето одат на работа за да заработат за живот, но премногу луѓе во Европа наместо тоа го губат животот за да работат. Тоа се луѓе кои одат на работа и никогаш не се враќаат поради штедењата или законите кои и понатаму дозволуваат небезбедни работни пракси“, напоменал Стал, укажувајќи на тоа дека фаталните несреќи на работните места повторно се во пораст во Европа. 

EU

EU

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: UGS Nezavisnost

Фото: Screenshot/Pixabay