СветСветот на работникотСиндикат

Смрт од корона или глад – единствен избор на проституките

Смрт од корона или глад - Работник
76views

Француските проституки се принудени да избираат помеѓу две зла, да се заразат или да умрат од глад. Освен тоа многумина мораат да платат и казни, бидејќи движењето по градот е забрането, вели за Спутник Анаис де Ланкло, проститука и прес секретар на синдикатот на сексуалните работници во Франција (СТРАСС)

Проституцијата во Франција е дозволена, а сексуалните услуги на работниците се потчинуваат на истите закони како и сите останати – седат во карантите за да го заштитат своето здравје и здравјето на своите клиенти.

„Одеднаш се најдовме во безизлезна ситуација – за многумина од нас карантинот значи немање на пари да го платиме станот или да купиме леб. И пртходно немавме сигурна иднина, но тоа што се сега се случува е вистинска катастрофа. Некои мои колеги кои живееја по хотелите сега се без кров над главата“.

Проститутките не можат да се придржуваат кон правилата за дистанцирање

Скандал во Европа изби уште во средината на март, кога во Шпанија поради корона вирусот официјално беше затоврен Ел Парадисе, еден од најголемите бордели на стариот континент. Сите вработени, од кои, како што самите работници велат, околку 90 девојки живееле во клубот, биле исфрлени на улица.

Тие не можат да се придржуваат до правилата за социјално дистанцирање и да работат, но многу се грижат за своето здравје. Оние кои се вратиле на работа, работат во многу несигурни услови – сите знаеме како се пренесува вирусот.

„Во Франција правниот статус на сексуалните работници е многу сложен – според законот имаме право да работиме, да се пријавиме и да плаќаме данок. Меѓутоа немаме никаква социјална заштита и со самото тоа никаква помош за невработеност“, изјави Анаис.Од почетокот на пандемијата, СТРАСС и другите организации собирале средства за помош на колегите, меѓутоа тие пари се далеку од доволно за опстаник. Од државата не стигнала никаква помош.

„Сексуалните работници не се заштитени како останатите. Тоа е недозволиво. Државата не дала одговор на ситуацијата која сама ја содала, а која не е во нејзината зона на одговорност. Кога воведоа карантин, требаше да мислат на сите категории на жители“, револтирано вели мадам де Ланкло и додава дека во Германија сите пријавени сексуални работници добиле од државата официјално писмо со барање за помош, како и сите останати вработени.

Од април 2016 година во Франција во сила е законот според кој клиентите проститутките можат да ги казнат со 1,500 – 3,750 евра, што довело до намалување на бројот на клиенти. Анаис напоменува „од тој момент нашите услови се се понестабилни и тоа нам не ни дозволува да имаме заштеда, ако ни се случи да мораме да направиме пауза.

Од Федерацијата „Црвен чадор“ која обединува најмногу асоцијации на сексуални работници предлагаат да работниците од оваа сфера да се ослободат за нарушување на карантинот. „На работа можат да одат оние кои не можат да работат од дома, а поицијата сепак ги застанува и ги проверува проститутките. Ако треба да плаќаат казни, мораат да работат повеќе. Ако државата не им дава никава парична помош, би можела барем да ги ослободи од казни“, велат од Федерацијата.