СОВЕТИ ЗА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА: Како да одговорите на прашањето: „ЗОШТО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ТУКА?“ на разговор за работа

Секогаш е добро пред интервју за работа да се подготвите за потенцијалните прашања кои ќе ви бидат поставени. На тој начин ќе имате во предвид какви одговори да дадете.

Едно од прашањата коишто има големи шанси да ви бидат поставени за време на интервју за работа е „Зошто сакате да работите тука?“. Можеби навидум одговорот на ова прашање изгледа лесен, но во пракса не е така. Треба да обрнете внимание на неколку работи, па поради тоа Порталот Работник преку советите за тоа како да се подготвите за интервју за работа од светските платформи за вработување и оценување на работодавачите, во случајот Glassdoor, ви посочува на неколку работи на коишто треба да се фокусирате за да одговорот на ова прашање остави добар впечаток кај работодавачот.

Зошто работодавачите го поставуваат прашањето: „Зошто сакаш да работиш тука?“

Нивната цел е преку одговорот да направат евалуација на тоа дали имате истражувано нешто за компанијата и да воочат дали вашите вредности се усогласуваат со културата на компанијата.

Како да одговорите на прашањето?

Одговорот не би требало да биде некоја голема филозофија, но би требало да содржи неколку работи коишто се важни за работодавачот.

  1. Прегледајте ја веб страната на компанијата

На овој начин можете повеќе да дознаете за индустријата во која делува компанијата, како и за тоа кои се нејзините цели.

  1. Разгледајте ги нејзините профили на социјалните мрежи

Можете многу работи да дознаете од социјалните мрежи за компанијата и нејзината култура, како и за тоа на кој начин се претставува пред јавноста.

  1. Пребарајте новинарски статии

Од медиумите можете многу да дознаете за предизвиците и достигнувањата на компанијата.

  1. Прочитајте го описот на работното место повеќе пати

Покрај тоа што треба да бидете запознаени со компанијата, треба целосно да ја разберете и работата за која аплицирате, за да можете успешно да одговорите на ова прашање.

  1. Направете листа на работите кои ви се допаѓаат кај компанијата и работното место

Откако ќе завршите со вашето истражување, би требало да направите листа на вашите најомилени откритија за компанијата.

  1. Направете евалуација на вашите професионални цели и вредности

Преку евалуација на вашите кариерни цели и вредности, можете да ги дознаете начините на кои работното место се усогласува со нив и да ги посочите во вашиот одговор.

Кои работи треба да ги избегнете при одговарањето на ова прашање:

Кога го одговарате ова прашање, треба да ги избегнувате работите како:

  • Давање на опширен одговор;
  • Фокусирање на тоа каков бенефит ќе имате од работата;
  • Спомнувањето на платата и
  • Давање на одговор кој не содржи ентузијазам.

Во прилог следува еден пример за тоа како можете да одговорите на ова прашање:

„По читањето на визијата и мисијата на компанијата, дознав дека многу од моите професионални цели се усогласуваат со тие на компанијата. Поради тоа, мислам дека ќе бидам одличен член на веќе одличниот тим на ангажирани вработени“.

 

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.