ЕкономијаМакедонија

Солидарност во бизнис секторот за справување со КОВИД-19

34views

Правните лица кои ќе остварат донации преку Solidarnost.gov.mk ослободени од данок и со олеснета постапка

 Додека светот повеќе од 5 месеци се соочува со пандемијата од Ковид-19, а компаниите се пред финансиски колапс, истовремено сведоци сме и како голем дел од бизнис секторот ја покажува својата општествена одговорност на дело, солидаризирајќи се со здравствените работници кои неуморно и пожртвувано работат за полесно надминување на кризата и остварувајќи значајни донации во солидарните фондови наменети за справување со пандемијата.

 

Банки, градежни компании, компании од прехранбена индустрија, фармацевтски компании, IT индустрија, разни услужни дејности, па дури и мали претпријатија, уште од почетокот на кризата па сѐ досега, речиси секојдневно го даваат својот несебичен придонес. На платформата Solidarnost.gov.mk може да се забележат донации од неколку илјади денари, па сѐ до повеќе милиони денари, а пак донаторите велат дека како компании ѝ должат на заедницата во која делуваат и нивна обврска е да придонесат за нејзино побрзо закрепнување од последиците кои нѐ засегаат сите.

Повеќе прочитајте на Банкометар.мк