- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

СОНК бара зголемувањето на платите од 10 проценти да започне од јануари 2020 година (Видео)

СОНК бара зголемувањето - Работник
1.01Kviews

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакна дека денеска Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК не донел заклучок за тоа дали ја прифаќа понудата или не.

„Одлуката, Советот на СОНК ќе ја донесе до крајот на оваа недела или на почетокот на идната недела која ќе се темели на добиените одговори од синдикалните организации“, рече Неделков.

Advertisement

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК бара зголемувањето на платите од 10 проценти да биде од 1 јануари 2020 година и да се обезбеди повисок процент од овие 10 проценти кои беа понудени, рече Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на денешната прес-конференција по завршувањето на Советот, на кој во еден дел учествуваше и Министерот за Образование и Наука, Арбер Адеми.

Advertisement
Advertisement

Министерот Адеми рече дека дискутирале со членовите на Советот за одлуката на Владата за уште едно покачување од 10 проценти.

„За две години имаме околу 21 процент зголемување на платите во дејноста образование. Предлогот на Владата е да има зголемување на платите во образованието за 10 проценти од април 2020“.

Адеми истакна дека ова е историско зголемување на платите во дејноста образование.

Што се однесува на тоа дали е можно да има генерален штрајк, Неделков рече дека тоа ќе зависи до одлуката на членството, а Адеми во однос на истото прашање рече дека демократијата дозволува се, како и дека доколку СОНК донесе таква одлука, Министерството ќе ги поддржи.

На новинарско прашање зошто не би почекале три месеци за зголемувањето на 10 проценти, Неделков истакна дека е неприфатливо од 1 април да се покачат платите, затоа што досега беше принцип или традиција на некои сектори да им се зголемуваат платите од 1 јануари.

Наведе дека државата тоа малку повеќе ќе ја чини бидејќи ќе треба да дадат плати за четири, наместо на три месеци, но за возврат ќе го добијат социјалниот мир на вработените во образованието.

 

Advertisement