МакедонијаСиндикат

СОНК бара зголемување на платите во културата според предложените коефициените, во спротивно најавува радикални синдикални мерки

СОНК бара зголемување на платите во културата според предложените - Работник
929views

Членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК вработени во установите од културата вчера одржаа состанок на којшто расправаа за проблемите во оваа дејност и ги донесоа следните заклучоци, објавија од СОНК на нивниот фејсбук профил.

1. Социјалниот дијалог и партнерство помеѓу СОНК и Министерството за култура е на најниско можно ниво и заради тоа бараме итно продолжување на преговорите за утврдување на нацрт-текст за Колективниот договор од културата.
2. Бараме по итна законска процедура да се донесе Законот за јавен интерес во културата.
3. Итно продолжување на работата на работните групи составени од синдикатите за култура и Министерството за култура и утврдување на предлог коефициенти по работни места во сите дејности од културата.
4. Владата во предлог-буџетот да предвиди средства за зголемување на платите во културата за 2020 година согласно предложените нови коефициенти.
5. Потпишување на нов колективен договор и целосна негова имплементација во финансискиот дел да започне од 01.01.2020 година.
6. Доколку веднаш не се почне со реализација на овие заклучоци, по пат на социјален дијалог, Советот на СОНК ќе донесе Одлука за понатамошните активности на СОНК, не исклучувајќи ги и радикалните легитимни синдикални средства, како што се протестот и штрајкот.