МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СОНК: Влегуваме во генерален штрајк (Видео)

СОНК: Влегуваме во генерален штрајк - Работник
1.18Kviews

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК донесе одлука за влегување во генерален штрајк на 11 ноември 2019 година.

„СОНК не ја прифаќа понудата на Владата за зголемување на платите за 10 проценти од април 2020 година и своите интереси ќе ги брани преку штрајк“, рече Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој истакна дека СОНК во периодот на помирување до генералниот штрајк, а тоа е 15 дена, го отвора уште еднаш барањето кон Министерството за образование и наука и бара предвиденото зголемување да не започне од април 2020 годна, туку да започне од 1 јануари 2020 година, но и понудените проценти да бидат предмет на преговарање и да им се понудат повеќе од 10 проценти.

Наведе дека СОНК освен ова клучно барање има и неколку пропратни, меѓу кои се измени и дополнувања на колективните договори за основно и средно образование, во кои ќе се иницира регресот за годишен одмор, надоместоци за превоз на вработените, исплаќање на прекувремените часови, ревидирање на плаќањето на комбинираната настава, почитување на законите и т.н. Како и изготвување и потпишување на колективен договор за високо образование и наука, со период на имплементација од 01.01.2020 година.

За тоа дали доколку би се согласила Владата, зголемувањето да биде од 1 јануари 2020 година, СОНК би прифатил, Неделков рече дека тоа е предмет на преговори коишто повторно Советот треба да ги разгледа понудените опции, од аспект на тоа што минималната плата во декември  се зголемува за 16 проценти.

„За нас во овој момент е апсулутно неприфатливо да бидат 10 проценти, со коишто сме уште подолу на оваа минимална плата, а кога ќе биде минималната плата 14,500 ќе дојде до таканаречена урамниловка каде што пет или шест работни места со различни коефициените на сложеност се изедначат и ќе земаат иста плата. Затоа ние бараме усогласување на минималната плата со нашите колективни договори“, вели Неделков.

На прашањето дали би постапиле како синдикатот на клинички центар кој вчера рече дека доколку им се зголемат платите на здравствените работници, ќе ја поддржат власта, Неделков рече дека нормално е во развиените земји да се прават сојузи помеѓу сидникати и политички партии. Тој објасни дека синдикатот за тоа нема размислувано, но лично тој смета дека тоа не е лоша опција, доколку некоја политичка опција на писмено вети дека ќе ги исполни барањата на синдикатот.

Имено, досега платите на просветните работници се зголемени два пати по 5 проценти, во 2018 и оваа година.