МакедонијаПравдаСиндикат

СОНК го анализира предлог Законот за основно образование

СОНК го анализира предлог Законот за основно образование - Работник
533views

Предлог Законот за основно образование излезе на Единствениот национален електронски регистар – ЕНЕР пред една недела.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков ексклузивно за порталот Работник рече дека во моментот вршат анализа на законот.
„Законот е проследен до сите синдикални организации од основно образование. Секој член којшто има интерес да го прочита законот и да даде свои забелешки, може тоа да го направи директно на страната на ЕНЕР или ако сака може забелешките да ги достави до нас каде што ние ќе ги сумираме забелешките и ќе ги испратиме до Министерството за образование“, рече Неделков.

Тој не сакаше да зборува за конкретни забелешки и предлози, поради тоа што чека да се соберат забелешките од сите синдикални организации низ државата.