МакедонијаСиндикат

СОНК го одложи штрајкот – утре последна рунда на преговори со МОН

СОНК го одложи штрајкот - Работник
102views

Штрајкот ќе се одложи поради анализите кои им биле доставени од страна на Министерството за образование и наука, рече на денешната прес – конференција Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК Јаким Неделков.

„На денешната седница Советот на СОНК одлучи одлуката за генерален штрајк на 11 ноември да ја стави во мирување. Таа се базира на анализите кои ни ги достави Министерот, а тоа е дека за зголемување на платите од 1 јануари 2020 година се потребни уште неколку денови од страна на Министерството за образование, за да конечно се одвојат средства кои ќе ги задоволат нашите барања“.

Тој истакна дека дополнителните барања кои ги истакна СОНК, меѓу кои се К-15 во образованието и потпишување на колективен договор во високото образование ќе ги остават за после преговорите.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми рече дека тоа што е чест гостин во СОНК е знак дека имаат силно партнерство и социјален дијалог со синдикатот. Тој наведе дека во Министерството и денеска се работи на тоа да се исполнат барањата на просветните работници и да се унапреди социјалниот и материјален статус на вработените во дејноста образование.

Адеми го повика Неделков на утрешна последна рунда на преговори на која ќе се знае конечниот исход од преговорите.