МакедонијаСиндикат

СОНК: Дали ќе има генерален штрајк зависи од Министерството за образование

СОНК: Дали ќе има генерален штрајк - Работник
285views

Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК се задоволни од вчерашниот штрајк кој според нив бил успешен низ целата држава. Од денеска пак, просветните работници ќе работат според наставниот план, а СОНК и Министерството за образование и наука – МОН ќе преговараат околу барањата на синдикатот, меѓу кои е и зголемувањето на платите за 25 проценти во образованието, како и СОНК да биде учесник во креирањето на буџетот за плати во образованието за 2020 година

Порталот Работник го контактираше СОНК и го запраша за тоа што следува после предупредувачкиот штрајк. Од СОНК рекоа дека следуваат преговори со МОН околу зголемувањето на платите коешто е приоритетно прашање.

„Се надеваме дека МОН ќе ги прифати нашите барања коишто се реални и легитимни. Со предупредувачкиот штрајк кој  беше еден од најуспешните досега, ја искажавме нашата сериозност околу нашите барања. Ние не бараме платите да ни се покачат за некоја измислена сума, туку бараме да се исполни тоа што ни следува, односно зголемување на платите во образованието за 25 проценти“, рекоа од СОНК.

Според нив голема е можноста доколку не се исполнат нивните барања, Советот на СОНК да одлучи просветните работници да влезат во генерален штрајк.

„Се зависи од исходот на преговорите, што значи дека доколку не изнајдеме компромис со МОН, нашето членство ќе бара да влезе во генерален штрајк, а ние ќебиделе должни да го испочитуваме тоа. Затоа им порачуваме на МОН и на Владата да имаат сериозен пристап кон преговорите, за да има реално зголемување на платите и просветните работници да имаа достоинствен живот. Со сегашната плата, тие се далеку под потрошувачката кошница, како и просечната плата, на работ на сиромаштијата“, наведоа од СОНК.

Од СОНК не прецизираа кога точно ќе продолжат преговорите со МОН, но се надеваат дека тие ќе започнат што е можно побрзо, за да и побрзо се изнајде решение на нивните барања.