
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, доби поддршка од европските и балканските синдикати за денешниот протест кој ќе се одржи пред Владата на РС. Македонија.
Во текот на вчерашниот ден, СОНК на социјалните мрежи имаше објавено писма на поддршка и солидарност од балканските синдикати, а европска поддршка доби преку Европскиот комитет за синдикати од образование – ЕТУЦЕ кој како синдикат на европско ниво испрати поддршка и солидарност на СОНК во име на сите европски синдикати.
За СОНК изразувањето на синдикалната поддршка од страна на европските и балканските синдикати е показател за тоа дека синдикатите се сплотени и меѓусебно се бодарт во оставрувањето во нивните цели. Од СОНК изразија голема благодарност до нивните колеги – синдикалци.
Тие уште еднаш ги повикаа работниците да излезат на протестотот за да заедно ги искажат нивните барања, меѓу кои се: зголемување на платата, почитување на социјален дијалог, почитување на закони и колективни договори и така натаму.
Протестот на СОНК којшто е во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС ќе започне од 16 часот пред Порта Македонија.