МакедонијаСиндикат

СОНК е задоволен од организирањето и спроведувањето на протестот, следуваат понатамошни активности

СОНК е задоволен од организирањето - Работник
845views

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК денеска ја одржа својата осумнаесетта седница. Покрај останатите точки на дневниот ред била направена и анализа на протестот кој се одржа на 8 јуни, оваа година и се разговарало за понатамошните активности на СОНК, изјави Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој истакна дека Советот на СОНК констатирал дека и покрај сите обиди на сегашната власт, да го спречи одржувањето на протестот, односно да се намали излезноста на протестот, тој е оценет како успешно организиран и спроведен.

Наведе дека недостасуваат резултати од овој протест и покрај отвореното барање на СОНК и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, да се отпочнат сериозни преговори со надлежните, односно министерствата и поради тоа што до денеска немаат никаква покана за преговори, Советот на СОНК денеска донел одлука дека ќе се продолжи понатака со веќе поставените барања и активности, со цел да ги остварат нивните цели.

Додаде дека Советот на СОНК доставил предлог активности до синдикалните организации, со што тие треба да се изјаснат за тоа кои од предложените чекори би се презеле во иднина. Наведе дека во предвид се зема и генералниот штрајк. Смета дека овој предлог ќе се прифати, но имало и други предлози кои одат во правец на остварување на барањата на СОНК.