МакедонијаСиндикат

СОНК излезе со првомајски проглас

СОНК излезе со првомајски оглас - Работник
355views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, вчера излезе со првомајски проглас каде ги искажа своите ставови околу работничките права.

СОНК во прогласот, како нивен  став е дека празникот треба да се празнува, а за работа, секоја организација која се занимава со одбрана и зголемување на правата на работниците има на располагање цела година.

„И овој наш став да не изгледа гола демагогија, ќе го поткрепиме со неколку аргументи. СОНК во изминативе децении и години конкретно докажуваше и докажува со организирање на протести и штрајкови дека е единствениот Синдикат кој е во состојба тоа да го направи, без лажни закани и ветувања, без правење на сопствен маркетинг,  без разлика која политичка опција е на владеење…. Ако постои сомнеж во вистинитоста на овие факти, може многу лесно да се проверат, а и да се присетите која друга работничка организација во последнава деценија – две организирала сериозен протест или штрајк????“, напиша СОНК на својата веб страна.

Тие наведоа дека со овој првомајски проглас не е за да се саморекламираат, туку за да го изразат своето незадоволство околу положбата на нивните членови во дејностите детска заштита, основно, средно, високо образование, наука и култура.

„И покрај сите заложби на нашиот Синдикат, во сите споменати дејности заеднички е фактот што тие како едни од најважните дејности во државата, ако не и најважни,  се на дното на скалилото на плати во јавниот сектор во државата, а пак и да не зборуваме за надвор од неа, во соседството и пошироко. Во последниве неколку години државата се обиде да направи обид за подобрување на социјалниот статус на оваа категорија на работници, но тоа беше сосема симболично и незадоволително од една страна, како и селективно, од друга страна. Зголемувањето на платите од 5% за детските градинки, основното и средно образование ни одблизу не ги задоволуваат основните потреби за егзистенција, наспроти зголемување на минималната плата на национално ниво од 20%. Ситуацијата во установите од културата и високото образование и науката е уште полоша, од позиција на ниски плати, дури ни без тие 5% зголемување во 2018 година. Ветувањата за зголемување на платите и во 2019 година за дополнителни 5% за СОНК се добродојдени, но процентот е апсолутно неприфатлив, односно низок. СОНК во повеќе наврати укажуваше и бараше усогласување на платите со процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво“, истакна СОНК.

На крај, СОНК на сите им го честита 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.

Извор: СОНК