МакедонијаСиндикат

СОНК им изрази солидарност и поддршка на синдикати од градинките во Србија

СОНК им изрази солидарност и поддршка на братските синдикати од Србија - Работник
365views

Синдикатот за образование на Србија, Самостојниот синдикат за предшколско воспитување и образование на Србија и ГСПРС Независност, кои се три репрезентативни синдикати од предшколско воспитување и образование на Србија, на 11 април, во Белград ќе одржат протест под мотото: „ Дали предшколските работници се дел од просветата?“

Незадоволството на вработените во предшколските установи, поради тоа што чувствуваат дека го носат целиот терет на економската криза, лошиот економско- социјален статус, преоптовареност од работа, поради големиот број на деца со кои работат, предизвиците на работата со децата со посебни потреби, преголема преоптеретеност со административни работи, изложеност на неразбирање од страна на локалните самоуправи, како и несоодветно третирање поради тоа што немаат исто покачување на платите, како и другите просветни работници, ги принуди да го оорганизираат овој протест и да ги искажат своите барања. Нивната крајна цел е да остварат состанок со високите политичари, за да им се исполнат барањата, кои законски им следуваат.

Тие побараа од  регионалните синдикати да искажат солидарност за нивните проблеми. Еден од синдикатите кои искажа солидарност беше Самостојниот синдикат за образование наука и култура на Македонија – СОНК.

Во писмото, кое им го испрати СОНК е истакнато дека Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, заедно со своите 30.000 членови од предшколското, основното, средното и високото образование им изразува потполна поддршка на своите братски синдикати од Србија. СОНК, како репрезенативен синдикат во политиката на образованието, поаѓа од тоа дека почнувајќи од предшколското образование и воспитување, како фактор за развивање на целокупното општество игра голема улога во напредокот на младите, а со тоа и во напредокот на целата држава.

Според СОНК, стимулираните и задоволните просветни работници можат да бидат повеќе продуктивни и со тоа да придонесат во развој на образованието, а со самото тоа да се подигне образованието на повисоко ниво, што е и еден од основните параметри за интеграција во Европската Унија. Тие се согласуваат дека не смее да има дискриминација на работниците во предшколското образование, како и дека не смее просветните работници да се делат по незаконски категории.

Од СОНК им поскаа на своите синдикати да ги решат проблемите, надевајќи се дека наскоро ќе се унапреди статусот на просветните работници од предшсколското образование.