МакедонијаСиндикат

СОНК и синдикатот за образование од Кралството Шведска воспоставија билатерални односи

СОНК и синдикатот за образование од Кралството Шведска воспоставија билатерални односи - Работник
550views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска воспостави билатерални односи со Шведскиот синдикат Lärarförbundet.

„Во текот на денешниот ден 30-05-2019 година, на огромно задоволство на нашиот Синдикат, претставници на најголемиот  синдикат за образование од Кралството Шведска, остварија работна средба со дел од раководството на СОНК, на која беа воспоставени билетерални односи помеѓу СОНК и Lärarförbundet“, истакнаа од СОНК

На работната средба, освен взаемното претставување на организациите, се рзговарало за функционирањето и статусот на синдикатите, секој од свој аспект, образовниот систем во поединечните држави и статусот на просветните работници, проблемите и начинот на решавање на истите  кај  вработените во образованието, активностите што се преземаат во последниот период од страна на двата синдиката и др.

Од СОНК додадоа дека на крајот од работната средба, претставниците од синдикатот за образование – Lärarförbundet го изразиле своето задоволство за воспоставената соработка со нивниот синдикат, дале огромна подршка за сите активности што ги презема СОНК, осебно за најавениот Јавен протест, за кој, по враќањето во нивната држава истата ќе ја испрателе и во писмена форма и изразиле желба за поинтензивна соработка помеѓу нивниот синдикат и СОНК.