МакедонијаСиндикат

СОНК: Наместо нивелација на платите во култура, да има колективен договор

СОНК: Наместо нивелација на платите во култура, да има колективен договор - Работник
831views

Нивелацијата на платата на културните работнци беше поводот за вчерашната средба помеѓу претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и заменик Министерот за култура, Владимир Лазовски.

Од СОНК рекоа дека имаат свои мислења и ставови околу начинот на нивелација на платите култура којшто е неприфатлив за нив, како синдикат, ексклузивно за порталот Работник.

„Се предвидуваат промени на коефициенти на сложеност на работни места во дејноста култура, на ниво на колективен договор со работодавач. Еднострано променување на колективен договор е невозможно. Не смее тоа да се случи. За таа цел побаравме од заменик Министерот да се состанеме и да ни бидат презентирани сите предложени коефициенти на сложеност, во работни групи, да ги усогласиме и да се изготви нов колективен договор со нови коефициенти по работни места, а не нивелација којашто ништо нема да реши“, рекоа од СОНК.

Тие рекоа дека за ден, два ќе имаат повторна работна средба со заменик Министерот, на којашто што министерот ќе излезе со свои ставови, во однос на нивелацијата, односно барањето на СОНК, наместо нивелација на плати да се направи колективен договор којшто, според нив би бил готов во рок од еден месец, би се потпишал и би влегол во примена.