МакедонијаПравдаСиндикат

СОНК нема информации околу најавените измени на закони за образование од страна на МОН

СОНК нема информации околу најавените незивесни измени од страна на МОН - Работник
660views

Порталот Работник се обрати до Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК во врска со најавените измени во законот за основно образование и средно образование, за кои од Министерството за образование и наука немаат уште потврдено кога ќе се направат тие измени.

Според Телма неизвесно е дали основците, од септември ќе имаат намалени часови, ќе учат по Кембриџ програмата и ќе одат на училиште во Сабота.

Од СОНК рекоа дека тие не можат да изнесат ставови во однос на измените на законите за основно и средно образование се додека пред себе не го имаат документот, односно предлог законот за основно образование и предлог законот за средно образование.

„Ние до сега ниту сме биле повикани, ниту сме учествувале со работна група во давање на придонес во изговување на добар текст“, истакнаа од СОНК.

Тие очекуваат во најскоро време да бидат повикани од страна на Министерството и да изнајдат заеднички ставови со нив, околу измените во законите.

Додадоа дека кога ќе ги разгледаат законите, ќе може да ги кажат своите ставови околу нив.