- Advertisement -
Синдикат

СОНК одржа работилница за едуцирање на младите синдикални лидери

528views

Јакнење на синдикалните вештини и синдикалното делување“, беше темата на интерактивната работилницата, која денеска ја одржа Регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК – Кисела Вода, со цел да се обучат младите синдикални лидери, во полето на синдикализмот.

На работилницата се обрати Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој им посака добредојде на претседателите на синдикалните организации во новиот објект на СОНК. Тој истакна дека целта на оваа работилница е да ги едуцира младите синдикални лидери за синдикалното движење и правата на синдикалците.

Advertisement

Предавач на работилницата беше проф. др. Лазар Јовевски, кој предава трудово право на правниот факултет „Јустинијан Први.“ Со неговото длабоко познавање и интерактивниот пристап, отвори плодни дискусии околу синдикалните прашања.

Advertisement

Работилницата се одржа во три сесии. Во првата сесија се дискутираше за Синдикатите, синдикализмот и синдикалното делување. Втората сесија опфати прашања од областа на заштитата на синдикалните и работничките права, како и јакнење на синдикатот. Додека во третата сесија се дебатираше за колективното преговарање и техниките на преговори.

СОНК оваа работилница ја одржа во нивната тренинг сала, каде што присуството на синдикалните претставници беше во голем број.

Advertisement