МакедонијаСиндикат

СОНК: Очекуваме понуда која нема да можеме да ја одбиеме

СОНК: Очекуваме понуда - Работник
795views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК утре ќе има средба со Премиерот Зоран Заев и Министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

СОНК се надева дека ќе се исполни нивното барање, за зголемување на платите во основното, средното, високото образование и науката за 10 проценти од 1 јануари 2020 година, вели Претседателот на СОНК, Јаким Неделков за Порталот Работник.

На прашањето за тоа дали очекува утрешната понуда на Владата да биде достојна, Неделков рече дека нормално е да се очекува.

„Ако не се очекува тогаш нема потреба ни да се оди на преговори. Аргументите ќе надвладеат и се надевам дека ќе бидат на наша страна, како и се надеваме дека Владата ќе ни даде понуда којашто нема да можеме да ја одбиеме“, истакна Неделков.