МакедонијаСиндикат

СОНК очекува до крајот на неделата да добие предлози, МОН вели дека треба да се разгледаат параметрите и податоците

СОНК очекува до крајот на неделата да добие предлози - Работник
1.84Kviews

Преговорите помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука во континуитет се реализираат, тие се во напредна фаза и се очекува до крајот на оваа недела СОНК да има конкретни предлози кои Министерството за образование и наука ги предложи на СОНК, рече Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој истакна дека тие прво мораат да ги разгледаат тие предлози, да се расправаат на Советот, па потоа да се одлучи што понатака.

„Нашето очекување е дека Министерството за образование и наука ќе ја сфати тежината и дека нема да го троши времето бесцелно, ќе излезе со сериозна понуда, односно зголемување на платите од 25 %, по што ние нема да имаме причина да ја одбиеме нивната понуда“, рече Неделков.

Неделков се осврна и на тоа дека за СОНК е неприфатливо со ребалансот на буџетот од Министерството за образование и наука да се префрлаат пари во другите ресори и во приватниот сектор. Според него пред се треба да се одвојат средства зголемувањето на платите на просветните работници.

Тој нагласи дека рокот за постигнување на договор со Министерството за образование и наука е до крајот на септември, по што доколку не се исполнат нивните барања, Советот на СОНК ќе одлучува како синдикатот ќе дејствува понатаму.

Министерството за образование останува на ставот дека не може да има зголемување на платите без претходно да се разгледаат сите параметри и конкретни податоци. Министерот Адеми вели дека со зголемување на септемвриските плати од 5%, наставниците во споредба со август минатата година имаат за 10% повисоки плати, објави АлсатМ телевизија.

„Штрајк се организира кога нема решение. Ние велиме дека нудиме решение и имаме решение. Во иднина ќе има зголемување на платите, но откако ќе се разгледаат сите параметри и податоци“, изјави Арбер Адеми, министер за образование, за АлсатМ телевизија.