МакедонијаСиндикат

СОНК очекува одговор во понеделник од МОН, во спротивно ќе влезе во генерален штрајк

СОНК очекува одговор во понеделник од МОН - Работник
1.79Kviews

СОНК и Министерството за образование в понеделник во последен обид да се договорат за повисоки плати за просветарите. Доколку нема договор за 25-процентно покачување на личниот доход и негова исплата од почетокот од следната година, Синдикатот ќе донесе одлука за генерален штрајк и прекин на наставата.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука – МОН во понеделник ќе имаат последен обид за да дојдат до договор за зголемување на платите за просветните работници, во спротиво голема е можноста СОНК да донесе одлука за влегување во генерален штрајк.

Двете страни најавија дека 7-октомври е крајниот рок за договор. Ресорниот министер оптимист дека ќе најдат заеднички јазик со синдикалците.

СОНК и МОН најавија дека 7 октомври е последниот ден за изнаоѓање на договор. Министерот Адеми е оптимист дека ќе се договорат со синдикалците.

Умерен оптимизам за договор имаат и од СОНК. Конечната одлука за генерален штрајк ќе зависи од одговорот од Министерството на две клучни прашања – колку и кога ќе се покачуваат платите на просветните работници.

И од СОНК има оптимизам, но одлуката за генерален штрајк зависи од одговорот од страна на Министерството за тоа колку и кога ќе се зголемат платите на просветните работници.

Доколку договор в понеделник нема, одлуката за генерален штрајк ќе се носи до крајот на идната недела. Потоа следува т.н “15-дневен период на помирување”, во кој исто така постои можност да се усогласат двете страни. Ако се исцрпи и оваа можност, наставниот кадар излегува на генерален штрајк до крајот на ова полугодие, пишува Сител.