МакедонијаСиндикат

СОНК реагира за препораката на Владата 8 јуни да биде работен ден и за градинките

СОНК реагира за препораката на Владата 8 јуни да биде работен ден и за градинките - Работник
733views

Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК изразува јавно негодување за дописот што денеска го имаат примено установите од детските градинки, а поврзан со одлуката на Владата, 8 јуни да биде работен ден, односно да се одработи неработниот ден кога беше на посета Папата, истакнаа од СОНК.

Од СОНК објаснуваат дека со одлуката на Владата се задолжуваа градинките да работат на 7 мај, иако тие го одработија тој ден и сега повторно со допис којшто е испратен до сите установи од детските градинки, им се наложува да го одработат 8 јуни.

Според нив вработените во детските градинки би работеле единствено доколку би им се исплатело додатно за дополнителниот труд, што ќе го вложат во сабота согласно позитивните законски одредби. Во спротивно под ниеден основ не се должни да ја прифатат наредбата или препораката којашто е дојдена до установите од страна Владата, преку Министерството за труд и социјална политика, како и градот Скопје. Исто така нејасно е кој ја дал оваа препорака од МТСП, сектор за заштита на деца, односно кој е потписник на овој документ затоа што овој документ нема ниту датум, ниту архивски број, ниту потпис, ниту печат за тоа од кого е испратен.

Од СОНК порачуваат дека не отстапуваат од закажаниот протест, без разлика на тоа колку пречки и да има пред нив.