МакедонијаСиндикат

СОНК се подготвува за претстојниот протестен собир

СОНК се подготвува за претстојниот протестен собир - Работник
1.04Kviews

По одлуката на Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, да се направи масовен социјален протест во Скопје, синдикатот започна со подготовки за реализација на јавниот протест, истакна Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Според него сите регионални одбори во овој период интензивно работат и одржуваат состаноци на нивно на регионален одбор. Ова значи дека во наредните десетина дена, 20 регионални одбори ќе одржат состаноци, а истото тоа ќе го сторат и претседателите на синдикалните организации со своите членови.

„Во текот на вчерашниот ден имавме во Скопје, со регионалниот одбор Центар, потоа со Гази Баба. Денеска со Кисела Вода, утре Чаир, задутре Карпош. Паралелно и во другите региони се одржуваат состаноци“, рече Неделков.

Тој истакна дека со оглед на барањата коишто се ставени пред Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за култура, очекуваат масовен одѕив на членовите и сметаат дека овој последен предупредувачки протест ќе биде успешен.

„Во случај и после овој протест немаме социјален дијалог, немаме расправа по поставените барања, тогаш СОНК во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, ќе донесе одлука што понатаму и каков вид на синдикален притисок ќе се изврши над надлежните“, наведе Неделков.

Социјалниот протест ќе се одржи на 8 јуни пред Владата на РС Македонија.