СОНК, СКРМ и Министерството за култура го потпишаа колективниот договор

Бобан Илијевски
Министерството за култура, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и синдикатот на културата на Република Македонија- СКРМ, го потипшаа колективниот договор за култура.
Министерот за култура, Хусни Исмаили нагласи дека овој колективен договор ќе ги заштити правата на културните работници.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека колективниот договор ќе ги балансира платите, односно нема повеќе работниците на исти работни места, да земаат различни плати.
Претседателката на СКРМ, Сања Арсовска рече дека е благодарна на сите страни на соработката и дека со овој колективен договор ќе се утврадат правата на вработените во културата.
Во продолжение погледнете ги изјавите: