- Advertisement -
МакедонијаПравдаСиндикат

СОНК: Социјалниот дијалог и партнерството се на многу ниско ниво

СОНК: Социјалниот дијалог и партнерството се на многу ниско ниво - Работник
822views

Според Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, социјалниот статус и партнерството, во последните години се во континуирано опаѓање. Тие нагласуваат дека СОНК воопшто не е задоволен од односот на некои министерства кои за многу важни измени на законски решенија не го вклучуваат социјалниот партнер во изготвување на заеднички прифатливи решенија што се во интерес и на работниците и на државата, што впорчем е законска обврска. Од СОНК истакнуваат дека селективниот однос кон одредени синдикати е апсолутно неприфатлив и е спротивен на Законот.

Тие наведуваат дека за СОНК како грански синдикат и како дел од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е исто така неприфатлив игнорантскиот однос на ресорните министерства и на Владата и покрај јавните упатени барања за остварување на сериозни  средби и разговори со што би се затвориле отворените прашања и проблеми. Особено навредува ваквиот однос и покрај низата јавни социјални протести во изминатава година што ги организираше СОНК во рамките на КСС.  За ваквиот однос на државата кон релевантни социјални партнери во однос на социјалниот дијалог и партнерство во Македонија даде и Меѓународната Конфедерација на синдикати -ИТУК во последниот свој извештај, каде што Македонија е ставена на листата со држави од Африка, каде што правата на работниците секојдневно се кршат.

СОНК оценува дека состојбите на работниците во Македонија се на многу ниско ниво, од аспект на социјален статус и економска сигурност, во однос на социјалниот дијалог и партнерство, во однос на почитување на законите и другите правни акти, во однос на сигурноста на работните места, во однос на безбедноста при работа и т.н.

Тие порачаа дека доколку многу сериозно и многу брзо не ги сфатат нивните барања, дотолку повеќе надлежните ќе ја сфатат сериозноста и силата на синдикатот.