МакедонијаНовостиСиндикат

СОНК СО ПРОЕКТ ЗА ПОДДРШКА, МЕНТОРСТВО И ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ – ПОЧЕТНИЦИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

   Време за читање 1 минута

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК започна Erasmus+ проект: Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell, (“Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиште”) во соработка со Синдикатот за образование од Република Бугарија – Поткрепа и други партнери од Бугарија, Белгија и Словенија.

Проектот се спроведува од страна на СОНК за период од 24 месеци, започнувајќи од декември 2022 година.

Целта на проектот е да ги задржи наставниците – почетници преку создавање услови за развој на нивната внатрешна мотивација за долгорочна и продуктивна реализација во училиштето и нивната отпорност на предизвиците на наставничката професија. Овој проект ќе даде можност да се вклучат наставници од различни основни и средни училишта, што е предуслов за поширока дисеминација и посилно влијание врз националните образовни системи.

Преку овој проект, целта е наставниците почетници да се чувствуваат безгрижно во нивното професионално патување и да развијат силна мотивација и компетенции да останат во избраната професија.

Едно од ефективните средства за воведување на наставниците-почетници во професијата, а за кое се залага и СОНК, е секако едукаторството, кое е усвоено како приоритет во училишното образование во Македонија, но сè уште се практикува во изолирани случаи и несистематски поради недостаток на релевантни дидактички материјали и алатки, како и обучени наставници.

СОНК, преку спроведување на проектот, има интенција, наставниците почетници да се чувствуваат безгрижно во нивното професионално патување и да развијат силна мотивација и компетенции да останат во избраната професија.