Синдикат

СОНК учествува на Светскиот Конгрес на Меѓународната Федерација на синдикати од образование

СОНК учествува на Светскиот Конгресот - Работник
335views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК со свои претставници учествува на 8 – Светски Конгрес на Меѓународната Федерација на синдикати од образование -Education International, кој се одржува во Бангкок, Тајланд од 21 до 26 јули 2019 година, објави сидникатот на својата фејсбук страна.

Имено, Светскиот Конгрес е врховно тело за донесување на одлуки на Меѓународната Федерација на синдикати од образование. Светскиот Конгрес ги одредува политиките, принципите на дејство, програмите и буџетот на организацијата. На Светскиот Конгрес се избираат Претседател, потпретседатели и Генерален Секретар, како и членовите на Извршниот одбор на Федерацијата.

Светскиот Конгрес е составен од делегати номинирани од членките на Федерацијата кои и ги претставуваат на Конгресот.