- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Сонот се претворил во кошмар: „Изгледаат како оковани осуденици во логори“

Сонот се претворил во кошмар - Работник
275views

Португалското земјоделие е се поуспешно, но има и темна страна.

Негово погонско гориво е евтината работна сила од Азија. Луѓето преполни со надеж често се носени од страна на криумчари, а многумина од нив работат во ропски услови.

Advertisement

Изгледаат како оковани осуденици во логори кога рано наутро тргнуваат во полињата, стаклениците и лозјата во близина на Алмеирим, град во Португалија. Тоа се мигранти од Азија на кои шефот ќе им одреди што да работат тој ден, пишува Дојче Веле.

Индијците ја кастрат виновата лоза, Тајланѓаните берат малини кои се извезуваат во Германија, Неплаците берат брокули за Велика Британија, а Пакистанците го вадат слаткиот компир кој оди во Франција.

Advertisement
Advertisement

Борците за човекови права проценуваат дека само во овој регион има над три илјади, а во цела Португалија десет пати повеќе. Поголемиот дел од нив се уште чекаат португалски документи – сега работат на црно. Живеат во нехумани услови, често работат повеќе од десет часа дневно, а сомнителните агенции за привремено вработување брутално ги експлоатираат.

„Азијатите тука доаѓаат од 2018 година“, вели Катја Секеира, социјална работничка од невладината организација Proabrasar (Прегратка) која се грижи за мигрантите во Алмеирим и им помага да го легализираат престојот.

Претходно Азијатите доаѓале пред се, во регионот Алтенжо, на југот од Португалија, каде цветало одгледувањето на јаткастите плодови. Денеска ги има насекаде. Колку поуспешно Португалија извезувала земјоделски производи, толку повеќе на фармите им требала евтина работна сила. Според социјалната работничка Секеира, бројот на илегални работници постојано расте.

Мафијата криумчари луѓе

Меѓутоа, португалските власти се активирале минатата година кога избила пандемијата. За да ситуацијата се стави под контрола, било потребно да се легализира престојот на сите оние кои можеле да докажат дека примале плата и плаќале придонеси три месеци, пишува Дојче Веле.

Тоа не го решило проблемот: на португалската имиграциска полиција потребни ѝ се месеци, често и по една година, за да ги процесираат барањата за легализирање на престојот. Некои луѓе за тоа време живееле во станбени контејнери или биле ставени во трошни куќи. И се уште зависеле од мафијашките агенции – во главно поради не знаењето.

„Од една страна, пандемијата била благослов бидејќи овозможила легализација“, вели социјалната работничка. „Од друга страна, човечките драми се уште траат.“

Арџун Јоши (31) од градот Керала на југот од Индија за тоа има што да каже: по професија е автомобилски инженер. Во Португалија дошол пред две години, најпрво со туристичка виза, бидејќи сакал да патува низ Европа. Но, уште на лисабонскиот аеродром наишол на човек кој му понудил работа и му платил 1,350 евра. Толку наводно чини помошта про добивање на работа и документи.

После неколку месеци се откажал од берењето на бобинки на југот; заработувал нешто повеќе од 200 евра месечно, а од документите – ништо. „Се разболев и излезе дека не сум пријавен кај здравствените власти. Морав за лекување да платам 800 евра од свој џеб“, вели Јоши.

Потоа нашол работа во една кинеска работилница, како возач. „Потоа пристигна короната и седум месеци седев дома очаен и без работа“, вели момчето кое за тоа време живеел од заштедата.

Се додека еден Португалец не му помогнал да се пријави и да ги обезбеди потребните документи. „Се ме чинеше само 100 евра“, рекол радосно Јоши. Во меѓувреме отворил мал автосервис.

Подоцна би сакал повторно да ја работи својата професија. Сонува за старт – ап во областа на хибридните мотори: „За неколку години, кога доволно ќе заштедам и кога конечно сите документи ќе бидат во ред.“

Бегство од невработеност

Поголемиот дел од мигрантите имаат малку среќа: тие официјално работат за 600 евра, минимална заработка која ја гарантира државата. Но на работодавачот мораат да му платат за сместувањето, превозот до работа, па дури и за храна. Често имаат само десет евра или помалку по работен ден, вели Јоши.

Многу негови сонародници ѝ плаќаат на криумчарската мафија повеќе од 10,000 евра за да го исполнат својот сон за подобар живот во Португалија. Дури и да можат да го легализираат својот статус, поради големите долгови имаат мали шанси да избегаат од маѓепсаниот круг. „Сонот се претворил во ноќен кошмар“.

Успехот на португалското земјоделие последните години станал негово проклетство: бидејќи земјата извезува се повеќе бобинки и зеленчук, а поради тоа ѝ е потребна поголема евтина работна сила.

„Португалците повеќе не сакаат да ја работат оваа работа“, се жали фармерот Витор Жоржи. Поради тоа морал да вработи Азијати, на својата фарма од 40 хектари кај градот Торес Ведрас во центарот на земјата.

Седум Непалци моментално таму берат брокули кои добро се продаваат во странство. „Кај мене се е легално“, уверува фармерот. „Работниците примаат минимална плата и сите се пријавени.“ За нивното сместување кое им го дава бесплатно, Жоржи ги преуредил старите земјоделски згради на својата фарма – во спартански соби со кревети на кат и со една заедничка кујна.

Меѓутоа, не е се баш легално. „Апартманите“ не се сертифицирани како такви. „Што да правам? Заводот за вработување не може да ми набави Португалци, а станбените прописи се премногу бирократски и не можат да се исполнат на стара фарма.“

На Ранџан Дахал (29) за тоа не му е грижа. Непалецот веќе три дена бере брокули на полето на Витор Жоржи: „Една година сум во Португалија и среќен сум што ја пронајдов оваа работа“.

Пред тоа, работел за една од озлогласените агенции за привремено вработување, берејќи малини на југот. „Морав малата куќа да ја делам со 15 други и секогаш имаше проблеми, вклучително и со платите.“

Во Непал едвај има работа, а во Португалија дошол бидејќи мора да го издржува семејството дома. И наместо да спие на под, сега барем спие на еден од креветите на кат.

Извор: b92.net

Фото: Depositphotos/zenpix

 

Advertisement