НовостиСветСветот на работникот

СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НАПРАВИЛ НЕВЕРОЈАТНО НЕШТО: Им порачал на работниците да ги спакуваат семејствата и да се подготват за авантура!

   Време за читање 1 минута

Извршниот директор на Citadel LLC, Кен Грифин, наречен е „најдобриот работодавач на светот“ бидејќи своите работници и нивните семејства ги частел за јубилејот на фирмата.

Како што пренесува Daily Star, една од водечките инвестициски компании приредила огромна прослава на која настапиле познатите музички групи како Maroon 5 и Coldplay, но тоа бил само почетокот.

Грифин ги известил вработените од шестте азиско – пацифички претставништва (вкупно 1,200 луѓе) дека ќе организира тридневена обиколка на светот на Дизни во Јапонија.

Покрај работниците, и нивните семејства добиле бесплатно патување од соништата, вклучувајќи 300 деца.

Инаку, еднодневен билет за обиколка чини помеѓу 50 и 70 евра, што значи дека сопственикот (дневно) трошел повеќе од 70,000 евра!

Оваа бројка не ги вклучува семејствата и децата, како и разните додатоци кои ги имале на располагање.

Минатата година. Грифин финансирал слична прослава за работниците во САД и Европа кои уживале во обиколката на светот на Дизни во Орландо.

Во декември на луѓето им платил летови за Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други дестинации, а воедно им ги покрил и трошоците за хотели, храна, паркинг и многу повеќе.

Извор: Alo.rs

Фото: Profimedia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *