ЕкономијаСветСветот на работникот

Соседна Србија им ги зголеми платите на здравствените работници за 10 отсто

Соседна Србија - Работник
114views

На здравствените работници денеска им се исплатени зголемените плати за април.

Во четврток, на 7 мај следува исплата на минималната плата за вработените во рамките на економските мерки на Владата на Србија за поддршка на економијата.

Априлската плата на здравствените работници е зголемена за 10 отсто, а министерот за финансии Синиша Мали рекол дека се работи за трајно зголемување на платите, бидејќи се работи за луѓе кои, како што истакна, дале се од себе во текот на пандемијата на корона вирусот.

„На Инфективната клиника медицинските сестри сега ќе имаат плата од 461 евро, што е зголемување за 76 отсто во однос на март 2011 година, кога платата им изнесувала 261 евро. Доктор инфектолог ќе има плата од 901 евро, а имал само 544 евра плата во 2011 година, што е зголемување за 65 отсто“, рекол Мали, се наведува во соопштението на министерството.

Повеќе од 1,1 милион работници ќе добијат три минималци во вкупна вредност од 750 евра од државата, а исплатата ќе започне на 7 и 8 мај, рекол денеска на РТС, министерот за финансии.

За трите минимални плати кои ги исплатува државата како поддршка на економијата, се пријавиле 237,000 работодавачи, рекол Мали.

Додал дека во Србија за два месеци за исплата на додаток за невработени преку Националната служба за вработување се пријавиле 6,047 граѓани кои останале без работа.

„Со одговорни, сеопфатни и добри мерки успеавме да го задржиме најголемиот број на работни места, ако не и сите работни места во Србија“, рекол министерот и додал дека државата најголемиот товар од кризата го презела на својот грб.

Тој рекол дека добро е што најголемиот број на фабрики веќе започнале да работат минатата недела и дека економијата пополека се враќа на старо.