ПравдаСвет

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот: Двојно зголемен бројот на починати во Британија

328views

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 150.585 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.618, а оздравени се 73.731.

Хрватска – Властите почнаа со казни поради кршење на самоизолација

Северна Ирска – Училиштата во Северна Ирска ќе се затворат на 16 недели, потврди премиерката Арлин Фостер. Таа нагласи дека школите нема веднаш да бидат затворени, но родителите да бидат подготвени за таква одлука.

САД – Прв смртен случај во Њујорк – почина жена на возраст од 82 години. Повеќе од 20 милиони деца не одат во училишта. Сепак, целосно работат 130.000 приватни и јавни училишта.

Британија – Бројот на смртни случаи за 24 часа зголемен двојно – починаа 11 луѓе, а вкупниот број сега е 21.

Шпанија – Улиците во Мадрид, жариште на заразата во државата се празни. Дури 133 од 136 смртни случаи се во главниот град на Шпанија.

Иран – Војската ќе почне со чистење улици, ќе бидат затворени голем број улици, продавнции и автопати во следните 24 часа за да се спречи ширење на епидемијата.

Саудиска Арабија – Од утре прекинува меѓународниот авионски сообраќај за да се спречи ширење на коронавирусот.

Извор: Лидер