Свет

Состојба со корона вирус во светот до 17 часот

Состојба со корона вирус - Работник
215views

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 208.349 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 8.272, а оздравеле 82.902 луѓе.

– Според податоци на УНЕСКО, во моментов низ светот вкупно 102 земји примененуваат мерки со затворање на училишта и образовни институции што влијае на вкупно 849,4 милиони деца и млади.

– Почина првото лице во субсахарска Африка. Се работи за 62-годишна жена во Буркина Фасо која имала дијабетес.

– Во Белгија од денеска попладне се затвораат сите продавници, освен маркетите за храна, апотеките, поштенските канцеларии, а граѓаните се повикуваат да останат дома.

– Бразил ја затвори границата со Венецуела за сите странски државјани.

– Шпанија го прекина целиот воздушен и морски сообраќај кон своите острови за да го спречи ширењето на коронавирусот.

– Агенцијата на ОН за права на работниците предвидува дека кризата со Ковид-19 би можела да затвори 25 милиони работни места низ светот.

– Кина и испрати на Франција милион заштитни маски.

– Папата Франциск зборувајќи за тешкотиите во борбата на италијанскиот здравствен систем против коронавирусот, го потврди тврдењето на истакнат новинар дека делумно се виновни и оние кои избегнуваат плаќање данок.

– Словенечката Влада денеска усвои закон за одложување на кредитите за фирмите, задругите, самостојните претприемачи и земјоделци за време на кризата со коронавирусот.

– Полска планира да усвои пакет мерки вреден 212 милијарди злоти (52 милијарди долари) за да ги неутрализира штетните последици од епидемијата со коронавирусот во економијата.

– Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека границата меѓу САД и Канада ќе биде затворена за целиот сообраќај освен за неопходниот.

– Училиштата во Шкотска ќе се затворат кон крајот на оваа недела. Од петок ќе се затворат и училиштата во Велс.

– Кина на Филипините ќе испрати 100.000 комплети за тестирање на коронавирусот. Во Полска ќе ипрати 20.000, 5.000 заштитни одела, 5.000 заштитни очила, 10.000 еднократни медициснки ракавици и 10.000 навлаки за чевли.

– Холандија планира да продолжи со својата стратегија за борба против коронавирусот „колективен имунитет“, односно стратегија да остави популацијата со зараза да стекне природен имунитет. Холандија е единствена земја со ваква стратегија.

– Германија ќе ги увои капацитетите за интензивна респираторна нега.

– Претседателот на португалската подружница на најголемата шпанска банка, Антонио Виеира Монтеиро денеска почина и втора жртва од болеста во Португалија. Имаше 73 години.

Извор: Лидер