Социјално – економскиот совет на Србија поднесе барања до Владата недела да биде неработен ден во трговијата

Социјално - економскиот совет - Работник
210views
Социјално – економскиот совет на Крагуевац е одлучен да ги заштити правата на вработените во малопродажните ланци.
Сакаме да ја спречиме бесплатната работа во многу, особено мали продавници во Србија, каде поголемиот број на вработени работат и по 60 часа неделно, а им се евидентираат само 40 работни часа. Притоа, најчесто работат за минимална плата. Тоа е робовска работа.
Вака за “Новости“, иницијативата за забрана на трговските ланци да работат во недела ја коментира Југослав Ристиќ, претседавач на Социјално – економскиот совет на градот Крагуевац. Ристиќ објаснува дека крагуевскиот Социјално – економски совет упатил официјален предлог до Владата на Србија, односно ресорните министерства и дека одлуката за стартување на ваква иницијатива едногласно ја поддржале сите членови. Додава дека иницијативата има и хуман карактер, бидејќи такавата работа долгорочно го загрозува здравјето на работниците, а негативно влијае и на нивните семејства.
„Поголемиот дел на луѓето кои работат во продавници имаат само два слободни дена во текот на месецот. Во помалите продавници тоа веќе одамна стана правило. Да не зборуваме за другите видови на злоупотреби, каде работници не смеат да пријават и зошто добиваат откази. Вообичаено работодавачот им вели: ако не сакаш, има кој сака“, појаснува Ристиќ, кој е Претседател на организацијата на Сојузот на самостојни синдикати во Крагуевац.
Во ЕУ преку викенд се одмараат
Во образложението на иницијативата, Социјално – економскиот совет, помеѓу другото, наведува дека работата во недела е забранета во девет земји на ЕУ, меѓу кои се Франција, Германија, Австрија и Полска.
Тие наведуваат дека за посебно значаен за оваа иницијатива, го сметаат податокот дека од 200,000 вработени во трговијата, околу 70 отсто се жени.