ЕкономијаСветСветот на работникот

Сојузната држава Ајдахо им дава по 1,500 долари на луѓето да се вратат на работа

Сојузната држава Ајдахо - Работник
115views

Сојузната американска држава Ајдахо на своите жители ќе им плати по 1,500 долари за да ги намами да се вратат на работа и да престанат да го користат надоместокот за невработени.

Републиканските застапници ги фаворизираат надоместоците за враќање на работното место кои ги спроведуваат властите во американската сојузна држава Ајдахо, додека демократите во Конгресот сакаат да ја продолжат мерката за додатоци за невработени од 600 долари месечно која е дел од пакетот за опоравување на економијата од последиците на коронавирусот.

Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кудло во неделата за Си – Ен – Ен рекол дека исплатата од 600 долари која е додаток за невработеност кој го исплаќаат сојузните држави ќе истече на крајот од јули, како и што е планирано.

„Сакаме луѓето да се вратат на работа“, рекол тој. „Претседателот размислува за реформска мерка која и понатаму ќе пружа некој вид на бонус за враќање на работа“.

Спорен е фактот што поголемиот дел од Американците повеќе заработуваат во текот на невработеноста отколку на работното место. Тоа предизвикува загрженост бидејќи на луѓето им дава поттик да останат работно неактивни, што понатаму ќе го забави економското опоравување.

Поголемиот дел од Американците ќе ја изгубат потпората за невработеност, вклучувајќи ги и сојузните додатоци, доколку одбијат да се вратат на работа. Само оние кои исполнуваат одредени критериуми за програмата за помош за невработеност во ек на пандемија која Конгресот ја одобрил во март, ќе можат да останат корисници на наведената помош, во кои се вклучени и лицата кои се советувани да останат во самоизолација.

Во Ајдахо жителите ќе добијат еднократен паричен надомест во износ од 1,500 американски долари за враќање на работа на полно работно време и 750 долари за хонорарни работи. Финансиска потпора ќе можат да користат и оние кои работата ја изгубиле на 1 мај, а ќе се вратат на работа во периодот помеѓу 1 мај и 1 јули, рекол Алекс Адамс од државниот оддел за управување со финансиите.