Сојузна држава во САД ви плаќа 10,000 долари за да се преселите и работите од таму

Вработените кои поради пандемијата и другите околности мораат да работат од дома, ќе бидат наградени доколку одлучат нивна работна локација да биде американската сојузна држава Арканзас. 

Организацијата Совет на Северозападен Арканзас им нуди на технолошките работници и претприемачи 10,000 долари во биткоини доколку се преселат во оваа област. 

Како што се наведува на веб страната на организацијата, Северопазападен Арканаз доживува експлозивен раст во технолошкиот сектор, особено во рамките на технологијата поддржана од блокчејн, а овој надоместок го опфаќа растечкиот тренд на криптовалутите како опции за плаќање од страна на работодавачите. 

Понудата е дел од кампањата на организацијата „Живеј и работи тука“ која е започната во ноември 2020 година, како одговор на намалениот приход од туризмот. 

На почетокот понудената награда била 10,000 долари во готовина, а таа опција и понатаму е достапна за оние на кои повеќе им одговараат криптовалутите. 

И не се добиваат само пари

Оние кои ќе добијат надоместок, ќе добијат и неколку дополнителни ставки за живот, како велосипед за рекреација и истражување, членство во државни уметнички и културни институции итн. 

Вработените кои не спаѓаат во групата на технолошки работници и претприемачи исто така можат да добиваат по 10,000 долари, бидејќи организацијата на веб страната навела дека ги повикува сите кои имаат желба да одат. 

За да добиете 10,000 долари за работа од Арканзас, неопходно е да имате 24 години, две години работно искуство, полно работно време, да не сте жител на Арканзас, да можете да се преселите таму во ток од шест месеци од добивањето на надоместокот и да сте државјанин на САД или да ги имате потребните визи за работа во САД. 

До денес, 35,000 луѓе од повеќе од 115 земји поднеле барање за преселување во Северозападен Арканзас. 

Оваа држава инаку е позната како едно од најдобрите места за живеење во Америка, благодарение на ниските трошоци за живот, активностите на отворено и уметничките институции од светска класа. 

Извор: BIZLife

Фото: Pixabay