- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Сојузот на комори е против зголемување на акциза на горивата во криза

188views

Сојузот на стопански комори на Македонија истакнува дека е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата, со цел како што е претставено да се соберат средства во Буџетот. Советот на претседатели на Сојузот, истакнува дека со оваа најава за носење одлука по нарачка, за зголемување на акцизата на горивата во време на криза, ќе се оптоварат граѓаните и стопанството во време кога им треба безусловна помош.

Ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги. Мерка која е во корист на 2-3 фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена.

Advertisement

Овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99% од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошиците.

Малите и средни претпријатија се 99,8 % од сите регистрирани во земјата, од сите сектори, земјоделство, трговија, угостителство, услуги, ИКТ, мали индустриски капацитети без кои не само економијата, туку и целото општество нема да функционира и треба да им се помогне, а не да се смислуваат нови начини во кризава да им се зголемуваат трошоците.

Advertisement
Advertisement

Силно се спротивставуваме на каков било експериментален обид за редистрибуции во самата економија преку зголемување на цените на енергенсите кои може да доведат до ценовни шокови и реперкусии и по оваа криза.

Со ваква редистрибуција само ќе се зголемат животните трошоци на граѓаните, како и трошоците на малите и средни претпријатија, кои овие енергенси ги користат како инпут во своите деловни процеси.

Излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните.

Со предложените мерки, со сегашната ситуација се најави дека во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства околу 4 милиони евра, односно близу 50 милиони евра на годишно ниво.

Advertisement