Економија

Сојузот на стопански комори е против формирање на Европска економска зона

Сојузот на стопански комори - Работник
153views

Идејата да се формира Европска економска зона за земјите од Западниот Балкан, наместо полноправно членство во Унијата, е неприфатлива за голем дел од стопанствениците. Претседателката на Сојузот на стопански комори вели дека собирање на земјите, како едно мало гето, кое заедно би требало да соработува и да добие пристапот до европските пазари е утешна награда што не треба да се прифати, зашто  на економски план нема ништо да значи за нас.

„Ова не е ништо поразлично од она што го имавме пред пристапните преговори и имавме можности да ги користиме тие фондови и беа користени тука во земјата.
Идејата повторно да се гетоизираме со земјите од Западен Балкан не е ништо ново. Видовме дека тоа се заговара веќе изминатите месеци доста активно. На економски план ова ништо многу нема да значи, посебно што треба да го имаме предвид фактот што ние земјите од Западен Балкан традиционално добро соработуваме, тие се нашите први трговски партнери, покрај земјите од Западна Европа. Нашата европска перспетива е тоа што го бара деловната заедница. Да имаме некоја извесност во државата, да се спроведат не само економските реформи туку и реформите во правосудството за да имаат инвеститорите и целиот деловен сектор некаква предвидливост во начинот на работењето и заштита на сопствените инвестиции. Дефинитивно ова нема да помогне. Треба да се инсистира исклучиво на тоа отпочнување на пристапните преговори и кон тоа треба да се стремиме, зашто и од таму всушност доаѓа притисокот, да се потрудиме да ги имплементираме овие реформи тука дома, реформите во правосудството за да ги заштитиме инвестициите, граѓаните да имаат добра и квалитетна правна заштита и тоа треба да ни биде целта на долг рок и од тоа не треба да се отстапува.“ – ВЕЛИ Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори, објавија 24 вести.

Целосниот текст прочитајте го тука

Фото: ССК