МагазинНаука

„Сојуз“ пристигна на Меѓународната вселенска станица за рекордно време

„Сојуз“ пристигна на Меѓународната вселенска станица за рекордно време - Работник
30views

Руската вселенска капсула „Сојуз“ со тројца астронаути, која полета денес со ракета од космодромот Бајконур во Казахстан, пристигна во Меѓународната вселенска станица (ISS) за рекордно време, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

„Поставен е нов рекорд. Вкупното време од лансирањето до слетувањето на „Сојуз“ на (ISS) беше 3 часа и 3 минути“, се вели во соопштението.

Космонаутите од Роскосмос, Сергеј Ријиков и Сергеј Кудсверчков и космонаутот на НАСА, Катлин Рубинс, полетале од Бајконур во 05:45 по Гринич.

Астронаутите се приклучија на тричлениот екипаж на (ISS), кој е во мисија од април и чие враќање на Земјата е предвидено за една недела, пренесува Бета.