МакедонијаСиндикат

СО ЛАЖНА ДИПЛОМА ДО КАРИЕРА ВО МВР

СО ЛАЖНА ДИПЛОМА ДО КАРИЕРА ВО МВР-работник
411views

38-годишен ресенчанец со фалсификувана диплома за средно образование, 16 години работел како полицаец во полициската станица за безбедност во сообраќајот во Ресен, а потоа неколку години и на граничниот премин Стење.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи во Охрид, измамникот набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години. Со лажни документи успеал да се запише и на техничкиот факултет во Битола.

„Ресенчанец во периодот од 17 јуни 2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во средното училиште ЦСБО „Здравко Чочковски“ во Дебар, поради тоа, се здоби со кривична пријава од СВР Охрид. А.Ш., лажната диплома за завршено средно образование повторно ја употребил при упис на Технички факултет во Битола. Врз основа на таа диплома тој се здобил со повисока позиција, инспектор – раководител на смена во полициската станица за граничен премин Стење“ – велат од МВР.

Целиот текст можете да го прочитате тука