ЕкономијаМакедонија

Со минимална уплата во работниот век следува подобар пензиски стандард

Со минимална уплата - Работник
84views

Илјада денари месечно додека работите ќе ви го подобрат животниот стандард кога ќе одите во пензија за околу 5.000 денари. Вакви се пресметките доколку некој вработен вложува во третиот доброволен пензиски столб во период од 30 години, а акумулираните средства би ги земал месечно во рок од 15 години.

Свесноста за придобивките и можноста овие средства да бидат дополнителен приход кога ќе се отиде во пензија или, пак, во последната декада од работоспособниот период е многу ниска и нешто повеќе од пет проценти од лицата евидентирани во задолжителниот пензиски столб.

– Пензиската реформа почна од 1 јануари 2006 година со воведувањето на задолжителниот втор пензиски столб. Третиот столб како дополнително пензиско штедење почнува од 2010 година и еве десетта година постои и бележи раст. Она што сега можеме да го кажеме дека во системот има околу 27 милиони евра како заштедени средства на двата фонда, кои бројат вкупно 24.526 членови, вели за МИА Предраг Милошевски, член на Управниот одбор и втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво, објавија 24вести.

Целосниот текст можете да го прочитате тука