Со невиден размер досега:Тридневен штрајк на вработените на 150 британски универзитети

Повеќе од 70.000 од вработените како универзитетски персонал на 150 британски универзитети ќе штрајкуваат три дена во ноември поради платите, условите за работа и пензија, соопшти денес Синдикатот на универзитетите и колеџите.

„Кампусите низ Велика Британија наскоро ќе бидат место на штрајкови во размери кои никогаш не се видени претходно“, напиша генералниот секретар на Синдикатот Џо Грејди на сајтот на синдикатот, а пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека штрајкот има масовна поддршка од студентите.

„Студентите знаат дека нивните услови за учење се во директна врска со условите за работа на нашите членови“, нагласи Грејди.

Синдикатот соопшти и дека штрајковите ќе бидат организирани на 24, 25 и 30 ноември.