- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Со новиот Закон за работни односи, работодавачот ќе треба да ги плаќа режиските трошоци на оние кои ќе работат од дома

Со новиот Закон за работни односи - Работник
2.64Kviews

Новиот Закон за работни односи во Хрватска, чиј нацрт предлог вчера им е доставен на социјалните партнери, синдикатите и работодавачите, предвидува низа на значајни промени на пазарот на труд, а особено се интересни одредбите за условите за работа на издвоено место или на далечина, пишува Јутарњи лист. 

Работата на далечина која масовно се користи од почетокот на пандемијата, била и главната причина за носењето на нов закон, наведува дневникот. 

Со него ќе се ограничи и склучувањето на договор на определено, како и ќе се скрати отказниот рок на седум дена доколку работникот добие отказ поради нарушување на редот и дисциплината. Исто така, во случај на вонреден отказ кој го дава работодавачот заради тешки повреди на работниот однос, се воведува можноста за привремено оддалечување на работникот од работата, но со признавање на сите права од работниот однос. 

Работниот однос, по предлог на новиот закон, за кој работните групи ќе расправаат следната недела, нема автоматски да престнува со навршување на 65 години старост и 15 години стаж, како што е до сега, но доколку работникот кој ги исполнува условите за старосна пензија добие отказ, нема да има право на отпремнина. 

Од хрватското здружение на работодвачи не коментирале ништо околу нацртот на предлогот на Законот за работни односи, а од синдикатите реагираа дека се предвидени ограничувања за вработувањата на определена козметичка природа, како и дека тие предложиле некои поефикасни мерки кои би, како што сметаат, таа премногу раширена пракса поефикасно би ја сузбиле.  

Како што вели Сунчица Брнардиќ од Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска, се надеваат дека во преговорите кои почнуваа следната недела ќе успеат да ги ревидираат предлозите, а не им се допаѓа ниту кратењето на отказниот рок поради „лошо однесување“ на работникот. 

Што се однесува на работењето на определено, според предлогот кој го подготвил министерството, работникот кај истиот работодавач, но и сите компании повразни со работодавачот, би можел на определно време да работи најмногу до три години, а периодот помеѓу два последователни договори кој не се смета за прекин ќе се продолжи на три месеци (синдикатите барале шест). 

Пропишна е и обврска за утврдување на објективна причина за склучување на првиот договор на определено, што досега не било случај, вели Сунчица Брнардиќ, а Крешимир Север од Независните хрватски синдикати истакнал дека добро е што се воведува „осигурач“, за да со истиот работник во иднина смее да се склучи најмногу три последователни договори за работа на определено работно време. 

Меѓу главните законски новини, дневникот наведува дека работодавачот за работа од дома ќе треба да ги плаќа режиските трошоци, а на родителот на дете до 8 години, работата од дома ќе може да се одбие само во исклучителен случај. Исто така, работниот однос на вработениот нема автоматски да се прекнува на 65 години старост, а доставувачите и возачите преку платформите ќе треба да бидат вработени и да ги имаат сите работнички права, пренесува Јутарњи лист. 

Извор: Index.hr

Фото: Slavko Midzor/PIXSELL