ЕкономијаМакедонија

Со новиот закон ќе поскапуваат цигарите

76views

Поради новиот Закон за тутун во наредниот период сите пакувања ќе мораат да содржат по 20 цигари, со што досегашните пакувања со по 19 цигари нема да бидат дозволени да бидат пуштени во промет.

Законот беше донесен во мај минатата година, а мора да почне да се применува до ноември.

Производителите на цигари веќе го прилагодуваат производството, што заедно со зголемениот износ за акциза, која се наплатува по цигара, ги зголемува трошоците на компаниите за приближно 5 денари, за колку ќе бидат поскапени цигарите.

Извор: Лидер