ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

„Со ова темпо ќе ни требаат векови…“ – Разликата во платите помеѓу мажите и жените и понтаму е голема

„Со ова темпо ќе ни требаат векови...“ - Работник
46views

Разликата помеѓу мажите и жените кои работат иста работа оваа година се намалила незнајачно, предупредува Европската комисија, пренесува Б92.

Жена која работи иста работа како и маж и понтаму е платена 14,1 % помалку за тоа, што е незначајно подобро во однос на минатата година кога таа разлика изнесувала 14,5 %, пишува хрватскиот портал Индекс. 

Жената и понатаму не се цени подеднакво

„Жените не се ценат еднакво кога се станува збор за нивната работа. Оние во Европа и понатаму заработуваат 86 центи за секое евро кое го заработуваат мажите. Па така, жените работат 51 ден повеќе за да заработат еднакво како и нивните машки колеги“, предупредила Комисијата во петокот. 

„Со сегашниот ритам би требало да поминат децении, па дури и векови, за да се постигне еднаквост. Тоа не е прифатливо, мораме да побрзаме и да го намалиме јазот во платите на нула“, порачала Комисијата. 

Причината за тоа лежи во нееднаквоста која ги следи жените во текот на целиот живот, додека се обидуваат да ги балансираат професионалниот и приватниот живот, објаснува Комисијата. 

Презастапеност на послабо платени работни места

„Пандемијата ги влошила структурните родови нееднаквости и ризикот од сирмоштија“, истакнала Комисијата. 

„Жените се презастапени на послабо платени работни места на првата линија пружајќи ги најосновните и најважните услуги во заедницата. Тие се и непропорционално застапени на неформалните работни места кои не се опфатени со системите за социјална заштита“, објаснува Европската комисија. 

Комисијата за неколку недели ќе предложи обврзувачки мерки за транспарентност во поглед на платите. Смета дека за тоа ќе помогнат соодветните минимални плати, поради што неодамна ги предложила заедничките европски правила, бидејќи повеќе жени отколку мажи заработуваат минимална плата. 

Според Комисијата, 9 од 10 европски граѓани сметаат дека не е прифатливо жените да бидат послабо платени од мажите за истата работа, а 64 % од европските работници ја поддржуваат транспарентноста во поглед на платата која би можела да се обезбеди така што ќе се објавува колку изнесуваат просечните плати во нивните компании зависно од работното место и родот на вработениот.