ЗанимливостиМагазинНаука

Со поддршка за 5G, Apple сега е подготвен да земе поголем удел на кинескиот пазар

Со поддршка за 5G, Apple сега е подготвен да земе поголем удел на кинескиот пазар - Работник
46views

Кина е најголемиот светски пазар на уреди со 5G, и меѓу првите 5 мобилни компании во Кина, само Apple немаше телефон со поддршка за 5G. Со iPhone 12, тоа се смени.
Кина е клучна состојка во рецептот за успех на „Apple “, e коментарот поврзано со новите модели на „iPhone“ од страна на аналитичарот на „ВедБуш Секјурис“, Даниел Ајвс, додавајќи дека само една нова опција на сите модели на „iPhone 12“ може да биде доволна за да привлече голем број кинески корисници. Таа опција е – поддршка за 5G.
Нова генерација мобилна мрежа што ќе им донесе на корисниците поголема брзина и помала латентност сè уште не се вкорени во многу глобални пазари, но таа забрзано се развива и се шири во Кина. Кина е најголемиот светски пазар на 5G, со најголем број на 5G уреди во светот. Во вториот квартал од оваа година, скоро половина од испорачаните паметни телефони во Кина имаа 5G конекција, што јасно ги покажува трендовите во таа земја, а тие трендови не требаше да бидат игнорирани ниту од Apple.

Меѓу петте најголеми мобилни компании на кинескиот пазар, 4 од нив нудат телефони со 5G поддршка, а само една не – Apple. Надградбата на 5G ќе биде исклучително важна за Apple во обид да го привлече вниманието на кинескиот пазар, коментира за CNBC аналитичарот на IDC, Вил Вонг.
Вонг особено ја истакнува пандемиската состојба во која се наоѓа Кина денес во споредба со остатокот од светот – додека коронавирусот во Европа и другите делови на светот се шири диво и незапирливо, Ковид-19 е повеќе или помалку под контрола во Кина. Благодарение на позитивната состојба со короната, кинеската економија закрепнува многу побрзо, а потрошувачката расте, па Apple се надева дека ќе земе дел од таа торта со своите нови модели на iPhone кои подржуваат 5G.

Извор: zimo.dnevnik.hr