Занимливости

Со помош на овие пет начини заштедете пари – последеното правило е најважно

Со помош на овие пет начини заштедете пари - Работник
48views

Многу луѓе мака мачат со неконтролираното трошење на пари. Купуваат импулсивно и неплански, со што нивниот паричник постојано се „намалува“. Ви претставуваме 5 трикови за тоа како да заштедите пари.

Користете банкомати само од својата банка

Доколку во прилика на подигнување на пари користите банкомат од другите банки, веројатно за користење ќе ви земат провизија. Иако на почетокот провизијата може да биде мала, со текот на годините може да прерасне во поголем износ.

Кафе од дома

Било да се работи за првото утринско кафе во кафуле пред работа или било да земате „за носење“, од вашиот паричник секое утро ви одат просечно по 70 до 100 денари. Инвестирајте во добар термос и кафето подгответе го дома, а секое утро парите кои би ги потрошиле на кафе, ставајте ги во каса. После еден месец, ќе ги забележите резултатите на вашето штедење.

Купувајте паметно

Вашиот омилен детергент е на голем попуст? Снабдете се! На артиклите што секојдневно ги користите не мора да штедите, но доволно е да знаете како да ги купите. Непрехранбените артикли кои не можат да се расипат можат да поминат многу време по фиоки и шкафови, а нема смисла да не зграбите поголема количина ако цената им е поволна. Споредете ги и цените на поголемите пакувања со помалите. Вообичаено е да поголемите пакувања бидат поевтини од помалите.

Започнете ситно

Набавете каса во која ќе внесувате монети кои инаку би Ви паднале на дното на чантите или кои би ги заборавиле во паричникот. Ветете си сами на себе дека тие пари нема да ги допирате неколку месеци, а најдобро решение за тоа би било касата во која штедите да не може да се отвори. Обидете се да издржите цела година, а потоа почестете се со плодовите на вашето штедење. Порано платете ги сметките, уплатите за патување или пак одете во шопинг.

24 часа

Ова е најважно правило и на него треба да посветите најмногу внимание. За се поголемите влогови и инвестиции размислете неколку пати. Ако нешто ви звучи како идеална прилика, дозволете си себеси да поминат 24 часа пред да донесете одлука, а ако и понатаму сакате да ги вложите парите и после размислувањето, тоа можете да го направите сигурни во својата одлука.