- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Со посебни визи Британија ќе ги привлекува висококвалификуваните мигранти

Со посебни визи Британија - Работник
217views

Велика Британија воведува нов визен систем за да го олесни влезот во земјата за странските квалификувани работници, особено од сферата на науката, истражувањата и технологијата, соопштил британскиот министер за финансии Риши Сунак. 

Риши Сунак на пратениците им рекол дека се надева дека Британија ќе ја направи „најдобро место на светот за висок раст и иновативни компании“, како и дека четирите нации ќе ги направи „конкурентни на меѓунардната сцена“.

„Најавувам амбициозна реформа на визниот систем која ќе биде насочена кон висококвалификуваните мигранти“, рекол Сунак. 

Како што објаснил, тоа вклучува „нова категорија на неспонзорирани визи на база на бодување, за да се привлечат најдобрите и најветувачките светски таленти во науката, истражувањата и технологијата, како и нов, подобрен систем за процесуирање на визите за растечките компании и претприемачите и радикално поедноставна бирократија за висококвалификуваните подносители на визи“.